Достапни линкови

Протестна нота од Турција до Сирија


Турските медиуми јавуваат дека официјална Анкара испратила протестна нота до сиријските власти поради соборувањето на турски борбен авион. Авионот бил на тренинг мисија на 13 милји од Сиријското крајбрежје кога бил соборен во петокот, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи. Ахмет Давитоглу дополни дека леталото вршело тестови на турскиот одбрамбен систем, не било опремено со било какво оружје и не било во било каква операција против Сирија.
XS
SM
MD
LG