Достапни линкови

Самарас откажа присуство на европски самит


Грчките власти соопштија дека новоизбраниот премиер се опоравува од операција на окото и немад да отпатува на важен самит на Европската унија неделава. Докторот на Антонис Самарас изјави дека на премиерот му е забрането да патува по ретиналната операција во саботата, три дена по неговата инаугурација. Грчкиот министер за финансии Василис Рапанос исто така ќе го пропушти самитот, откако беше хоспитализиран по доживеан колапс. На европскиот самит од Грција се очекуваше да ги дефинира напорите за имплементирање на мерките за штедење, кои се предуслов за европската помош.
XS
SM
MD
LG