Достапни линкови

Димовски: Годинава ќе има доволно пченица


Откупната цена на пченицата која е пред се договор меѓу производителите и преаботувачите, ќе биде дефинирана врз основа на индикациите од берзите во регинот, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Според него, Македонија годинава нема да има никакви проблеми со задоволување на потребите имајќи ги предвид досега увезените количини лебно жито и брашно од над 80.000 тони, претстојната реколта и предвидениот откуп од 150.000 тони. „Врз основа на индексите што ќе ги добиеме, ќе бидат вкалкулирани сите манипулативни и транспортни трошоци до Македонија, со што би требало да се постигне и одредувањето на откупната цена“ рече Димовски.
XS
SM
MD
LG