Достапни линкови

Анкета - Грција нема да ги врати долговите


Над три четвртини од Европејците сметаат дека Грција нема да може да го врати долгот, покажуваат резултатите од првото испитување на јавното мислење направено во повеќе земји членки на еврозоната за кризата, јави дописникот на МИА од Париз. Анкетата покажува дека 85 отсто од Французите, 84 отсто од Германците, 72 проценти од Шпанците и 65 отсто од Италијанците сметаат дека позјамените пари на Грција се изгубени пари и дека таа никогаш нема да ги врати. Испитувањето е направено во Франција, Германија, Шпанија и Италија од Ифоп и Фидуциал по нарачка на францускиот неделник „Журнал ди диманш“, неделното издание на германскиот „Билд ам Зонтаг“, шпанскиот дневен весник „АБЦ“ и италијаснкиот „Кориере дела Сера“, веднаш по грчките избори и само три дена пред новата средба Меркел-Холанд во Париз пред европскиот самит во Брисел, на кој треба да бидат појаснети мехамизмите за финансиска солидарност меѓу банките и државите.
XS
SM
MD
LG