Достапни линкови

Иран бара трпеливост од Сирија и Турција


Власта во Иран апелира до официјален Дамаск и Анкара „да бидат трпеливи“, откако сиријските сили урнаа турски борбен авион. Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи побара од двете страни да најдат мирно решение за проблемот, што би било во интерес за регионалната стабилност. Турскиот фантом џет се урна во Сиријски територијални води. Властите во Турција сметаат дека станува збор за ненамерен инцидент, но посочија дека се подготвени да ги превземат потребните чекори.
XS
SM
MD
LG