Достапни линкови

Полуфинале: Шпанија-Португалија


Чаби Алонсо ги постигна двата гола за Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија се пласира во полуфиналето на Европското првенство во фудбал што се игра во Полска и во Украина, откако во синоќешниот четвртфинален натпревар во Доњецк ја совлада Франција со 2:0. Головите за „црвената фурија“ ги постигна Чаби Алонсо во 19-та и во 90-та минута од пенал. Алонсо го одигра 100-от натпревар во националниот дрес.
Шпанија во полуфиналето ќе игра со Португалија.
Вечер се игра последниот четвртфинален натпревар. Во Киев се среќаваат Англија и Италија, а победникот од овој меч во полуфиналето ќе игра со Германија.
XS
SM
MD
LG