Достапни линкови

Македонија домаќин на ЕП за ракометарки до 17 години во 2015


Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш во јануари годинава.

Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш во јануари годинава.

Македонија ја доби организацијата на Европското првенство за ракометарки до 17 години, на Конгресот на ЕХФ што се одржува во Монте Карло. Шампионатот ќе се одржи од 13 до 23 август 2015 година, а натпреварите ќе се играат во Скопје и во Охрид.

Покрај доделувањата на организацијата на младинските шампионати, ЕХФ ги одреди и домаќините на Европските првенства во сениорска конкуренција за 2016 година. Мажите ќе играат во Полска од 17 до 31 јануари, а жените во Шведска од 4 до 18 декември 2016 година.
XS
SM
MD
LG