Достапни линкови

Книга со првиот Устав на САД продадена за 9,8 милиони долари


Првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон.

Првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон.

Книга која ја содржи личната копија од американскиот устав на првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон беше продадена за 9,8 милиони долари. Книгата е печатена во 1789 година за време на првата година од мандатот на Вашингтон како прв претседател на САД. На маргините на книгата се запишувани забелешките на Џорџ Вашингтон за уставот. Книгата има уште две копии – една за тогашниот државен секретар Томас Џеферсон и една за првиот претседател на Врховниот суд Џон Џеј.
XS
SM
MD
LG