Достапни линкови

logo-print

Иванов - Грција мора да ја прифати реалноста


Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓаните.

Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓаните.

Грција мора да ја прифати новата реалност која се вика Република Македонија. Македонците зборуваат македонски. Грците се уште ја имаат визијата од 19 век, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за европскиот телевизиски канал Евроњуз, одговарајќи на прашањето која порака би ја испратил до Атина за да се излезе од ќорсокакот и да се спречат натамошни блокади на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Од новата грчка Влада, претседателот Иванов очекува да ја почитува реалноста и да биде отворена за соработка.

„Треба да се знае дека јас на мојот грчки колега му испратив четири покани. Се надевам дека новите грчки раководители ќе ја почитуваат новата реалност како во однос на Македонија, така и кон другите соседи. На крајот ние посакуваме Грција да си го врати статутот на лидер во регионот“, изјави Иванов.
XS
SM
MD
LG