Достапни линкови

Десетмина уапсени за измами во приватизација во Србија


Белград, Дунав.

Белград, Дунав.

Припадници на Службата за борба против организираниот криминал при српската полиција денеска уапсија 10 лица под обвинение дека на почетокот на 2007 година се здружиле во криминална ггрупа поради извршување на кривичното дело измама и дека противправно присвоиле над 15 милиони швајцарски франци.

Меѓу уапсените се седумина сопственици на приватни фирми, две одговорни лица во компанијата „БЦ Консалтинг“, како и основачот на Агенцијата за вештачење „Бизет“.

Уапсените се товарат дека во периодот од 2007 до 2011 година со помош на „БЦ Консалтинг“ и „Бизет“ ги менувале книгите за деловно работење на нивните претпријатија и оф-шор компании, по што земале кредити од филијалата на банката „Хипо Алпе Адрија“ во Белград, со кои средства купувале акции од фирмите „Медифарм“ и „Техносервис“, кои биле во процес на приватизација.
XS
SM
MD
LG