Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Бајруш Сејдиу


Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу на суд.

Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу на суд.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да им каже на кумановци зошто го толерирал криминалот на затворениот тутунски бос Бајруш Сејдиу.

„Сејдиу својата империја ја изгради со криминалот кој го правеше додека СДСМ беше на власт. Овој човек 15 години бил вмешан во секој поголем криминал кој се правел во Куманово. Ниту еднаш не беше чепнат од органите на државата. Требаше да дојдат нови политички гарнитури, свежи сили за да се санкционира криминалот на Бајруш“, изјави партискиот портпарол Александар Бичиклиски.

Од СДСМ, пак, се чудат како ВМРО-ДПМНЕ се дрзнале да зборуваат за криминалот на Сејдиу.

„Бичиклиски треба да ја праша неговата поранешна колешка од партиската фирма „Аналитико“, а сега формален министер за внатрешни работи, Јанкулоска, зошто на 7 мај 2007 година, СВР - Куманово, по повод денот на полицијата, му дала Благодарница на Бајруш Сејдиу? Тогаш јавноста ќе дознае кој и зошто толерира криминал во Куманово“, стои во писмената реакција на СДСМ.
XS
SM
MD
LG