Достапни линкови

Сирија ќе формира нова влада


Антивладини протести во близина на Дамаск во Сирија.

Антивладини протести во близина на Дамаск во Сирија.

Сириската државна телевизија објави дека претседателот Башар ал-Асад издаде декрет за формирање нова влада, речиси два месеци по контроверзните парламентарни избори кои беа бојкотирани од опозицијата. Телевизијата објави дека нов премиер ќе биде актуелниот министер за земјоделство Раид Хиџаб, кој му е лојален на Асад и е влијателен член на владејачката Баат партија. Министерот за надворешни работи Валид ал-Муалем останува на функцијата, исто како и министрите за одбрана и за внатрешни работи.

Во меѓувреме, опозициските активисти соопштуваат дека во петокот биле убиени 50 луѓе ширум земјата во судирите меѓу владините сили и бунтовниците.
XS
SM
MD
LG