Достапни линкови

Русија казнета со нови 35 илјади евра


Руските навивачи истакнаа транспарент „Ова е Русија“ на мечот против Полска во Варшава на 12 јуни 2012 година.
Руските навивачи истакнаа транспарент „Ова е Русија“ на мечот против Полска во Варшава на 12 јуни 2012 година.
Фудбалската федерација на Русија беше казнета со 35 илјади евра поради однесувањето на нивните навивачи на последниот натпревар на руската репрезентација на ЕУРО 2012. УЕФА соопшти дека казната е поради „поставување и фрлање пиротехнички средства од публиката и истакнување недозволени транспаренти“ за време на мечот против Грција минатата сабота. Со тоа вкупната парична казна за Русија на Европското првенство достигна 85 илјади евра. Русија претходно беше казнета со 20 илјади евра за однесувањето на нивните навивачи на мечот против Чешка и уште 30 илјади евра за мечот против Полска.
XS
SM
MD
LG