Достапни линкови

Осуммина загинати во напад во Пакистан


Архивска фотографија: Напад во градот Куета во Балучистан.

Архивска фотографија: Напад во градот Куета во Балучистан.

Вооружени мотоциклисти застрелаа осум луѓе во напад во фреквентна трговска област во градот Куета, главен град на провинцијата Балучистан во југозападен Пакистан. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Мали сепаратистички групи од сиромашниот Балучистан често напаѓаат Пакистанци од другите делови на земјата. Сепаратистите бараат автономија на Балучистан и поголем дел од парите што доаѓаат од природните ресурси на покраината како што се нафтата и гасот.
XS
SM
MD
LG