Достапни линкови

Владата на Грција ги објави главните цели


Greece -- Members of the newly appointed government are sworn-in during a ceremony at the presidential palace in Athens, 21Jun2012

Greece -- Members of the newly appointed government are sworn-in during a ceremony at the presidential palace in Athens, 21Jun2012

Трите партии што ја формираа коалициската Влада на Грција постигнаа договор за главните политички цели, се вели во документот објавен пред Парламентот да и гласа доверба на Владата.
Како што јави МИА од Атина, петте главни работи кои ги договориле Нова демократија, ПАСОК и Демократската левица се дополнување и измена на договорот за враќање на долгот, промени во политичкиот систем, прашања поврзани со економскиот раст кои не се покриени со меморандумот, иницијативи против илегалната имиграција и прашања за социјална заштита.
Партиите се договориле за продолжување на периодот за фискално прилагодување за уште најмалку две години за фискалната цел да се постигне без натамошно кратење на платите и пензиите.
Трите партии исто така се договориле да нема кратење на работни места во јавниот сектор и да се намали данокот на додадена вредност во прехранбената индустрија од 23 на 13 проценти.
XS
SM
MD
LG