Достапни линкови

logo-print

Грција - Премиерот и министерот за финансии во болница


Новоизбраниот грчки премиер Андонис Самарас и новиот министер за финансии, Василис Рапанос по вчерашниот прв работен ден на грчката влада, со полно работно време, завршија во болница.
Премиерот Самарас бил хоспитализиран поради проблеми со окото, а од неговиот Кабинет соопштиле дека тој денеска ќе мора да ja оперира ретината. Во меѓувреме, премиерот се вратил на своето работно место. Самарас проблемот со окото го имал уште пред изборите на 6 мај годинава.
Министерот Рапанос, пак, бил хоспитализиран откако се онесвестил. По извршените прегледи, лекарите соопштиле дека неговата состојба е стабилна, откако бил примен во болницата со интензивна болка во стомакот, вртоглавица, мачнина и потење.
XS
SM
MD
LG