Достапни линкови

logo-print

Сирија го потврди уривањето на турскиот авион


Сирија потврди дека го урнала турскиот воен авион , кој наводно го нарушил сирискиот воздушен простор. Преставник на сириската армија, како што јави САНА, навел дека се неидентифукувано летало го нарушило воздушниот простор пред да биде стрелано врз него. Тој изјави дека двете морнарици соработуваат во потрагата по пилотите.
Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган закажа итна седница на владата и воените власти. Ердоган изјави дека за било каква акција ќе се режи откако сите факти ќе бидат познати. Турската армија не даде детали за мисијата на авионот. Овој инцидент, дополнително, ќе ги заостри односите меѓу Дамаск и Анкара која бара Претседателот Башар ал Асад да ја напушти функцијата во екот на востанието против неговиот режим.
XS
SM
MD
LG