Достапни линкови

Сиријските власти собориле турски авион?


илустрација

илустрација

Сирија се извинила за соборување на турски џет авион, јави „Би-Би-Си“. Турските власти свикаа итна седница по извештаите дека еден од борбените авиони во флотата исчезнал во близина на сиријската граница. На седницата присуствуваат премиерот Реџеп Таип Ердоган и високорангирани претставници на воените разузнавачки служби. Турската војска соопшти дека изгубила контакт со леталото марка Ф-4 утрово додека двајцата пилоти го надлетувале крајбрежјето во близина на Сирија. Турските медиуми јавуваат дека авионот се урнал во сиријските територијални води и дека сиријските власти се согласиле да помогнат во потрагата по леталото.
XS
SM
MD
LG