Достапни линкови

Лидерите од Еврозоната разговараа за подршка на растот


Франција, Германија, Италија и Шпанија ја подржаа иницијативата за формирање на финансиски пакет за подршка на растот вреден 130 милијарди евра. Италијанскиот премиер Марио Монти по самитот во Рим рече дека претставниците на четирите земји увиделе дека досегашните превземени чекори не се доволни. Според него, еврото е иреверзибилно и валутата ќе остане. Германскиот канцелар Ангела Меркел најави дека лидерите ќе работат на формирање на политичка унија со цел да се реши економската криза. Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека лидерите се согласни за потребата од оданочување на финансиските трансакции.
XS
SM
MD
LG