Достапни линкови

logo-print

Шефот на сиријскиот ОК остана без британска виза


Британските власти му го одбиле барањето за виза на шефот на сиријскиот Национален олимписки комитет Мофак Џума, кој требаше да отпатува за Лондон на Олимписките игри идниот месец. Џума, кој за сега не се наоѓа на листата на непожелни лица во Европската унија, е близок познаник на сиријскиот претседател Башар ал Асад. Блискоста со Асад е причина поради која на шефот на сиријскиот Олимписки комитет не му била одобрена британска виза, пишуваат британските медиуми.
XS
SM
MD
LG