Достапни линкови

logo-print

Заврши судењето на Брејвик - пресудата во август


Заврши судењето на масовниот убиец Андерс Бреивик, по десетдневно сослушување на сведоци и аргументирање. Конечната пресуда ќе биде изречена на 24 Август. Бреивик ги призна убиствата на 77 лица минатата година но не се чувствува виновен. Во своето обраќање пред судот, самодеклатрираниот муслимански милитант побара да биде ослободен, тврдејки дека го бранел норвешкиот народ, борејки се против заштитниците на муслиманските мигранти. Преживеаните и роднините на убиените ја напуштија судницата во Осло за време на неговото обраќање. Одбраната бара 33 годишниот екстремист да биде прогласен за ментално здрав и да превземе одговорност за неговите постапки. Обвинителството, пак бара Бреивик да биде прогласен за луд и да биде испратен во ментална институција.
XS
SM
MD
LG