Достапни линкови

Турција демантира дека ги вооружува сиријските бунтовници


Турските власти ги демантираат наводите во вчерашното издание на „Њујорк Тајмс“ дека земјата доставува оружје за сиријските бунтовници. „Турција не доставува оружје на ниту една соседна држава, вклучително и Сирија“ изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Селчук Јунал. „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници и агенти од арапските разузнавачки агенции, вчера објави дека агенти на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) тајно дејствуваат во Јужна Турција и им помагаат на сојузниците да одлучат кои сириjски бунтовници да добијат оружје во борбата против режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG