Достапни линкови

Понуда за приклучување на Македонија на „Јужен поток“


„Газпром“ има подготвено нацрт договор за приклучување на Македонија кон проектот „Јужен поток“. Во текот на следниот месец преку руското Министерство за енергетика ќе биде доставен на разгледување во Владата на Руската Федерација по што ќе ни биде предаден Нацрт договор за потпишување. Ова денеска во Санкт Петербург на премиерот Никола Груевски му го пренесе генералниот директор на руската нафтена компанија Алексеј Милер. На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност и заложба за интензивирање на процесот за приклучување на Македонија во овој проект.
XS
SM
MD
LG