Достапни линкови

Пет години затвор за уапсен во акцијата „Монструм“


Основниот суд Скопје 1 денеска му изрече шест години затворска казна на Ибраим Сејадини, еден од уапсените во полициската акција „Монструм" водена за петкратното убиство кај Смилковското Eзеро. Судот го прогласи Сејадини за виновен поради недозволено изработување, поседување и трговија со оружје. Во својот исказ пред Судот тој рече дека оружјето пронајдено кај него го набавил пред пет години во Качаник на Косово, за 500 евра, со намера да го препродаде во Македонија, но не успеал да најде купувачи. Во акцијата кај него беа пронајдени автоматска пушка, бомба „кашикара", пет рамки за муниција, седум куршуми, борбени елеци и фантомки.
XS
SM
MD
LG