Достапни линкови

„Коха диторе“: Тачи ја смени Едита Тахири


Косовскиот заменик-премиер Едита Тахири повеќе не е на чело на преговарачкиот тим во техничкиот дијалог со Белград, објави денеска „Коха диторе“. Весникот наведува дека нејзината смена е одлука на косовскиот премиер Хашим Тачи. „На овој начин се завршува фазата на техничкиот дијалог и се најавува почетокот на политичките разговорите, кои нема да ги предводи Тахири“ пишува приштинскиот дневен весник. „Коха диторе“ посочува и дека за отпочнувањето на политичкиот дијалог ќе се чека во Србија да се формира влада, а се очекува преговарачкиот тим да го предводи Борис Тадиќ.
XS
SM
MD
LG