Достапни линкови

Најмалку 25 лица убиени во Сирија


Најмалку 25 лица биле убиени во село во Сирија. Извори од сиријската опозиција велат дека убиствата се случиле во селото Дарат Азах, информација која ја пренесе и сиријската државна телевизија. Сиријската обсерваторија за човекови права дистрибуираше видео на кое се прикажани 26 мртви тела. Опозициските активисти тврдат дека убиствата ги извршиле провладини милитанти, додека државниот медиум одговорноста ја префрла на вооружени терористи.
XS
SM
MD
LG