Достапни линкови

За кого било, само против Грција


Од натпреварот Грција-Чешка.

Од натпреварот Грција-Чешка.

Политиката си го прави своето, спорот за името со Грција се одразува и на спорот. Граѓаните велат дека на европското првенство во фудбал навиваа против Грција.

Против репрезентацијата на Грција ќе навиваа повеќето граѓани од земјава кои го следат европското фудбалско првенство во Полска и Украина. Откако вчера во четвртфиналето силите ги одмерија Португалија и Чешка во петок на ред беа Германија и Грција. Натпреварот како и сите други будно ќе се следи, а повеќето од љубителите на најважната споредна работа на светот без разлика кој им е фаворит на мундијалот посакуваат позитивен резултат за Германија.
За Германија дефинитивно. Зошто? Па затоа што не го обожавам нашиот јужен сосед, но не дека сум принуден да навивам за Германија, но подобра селекција се и мислам дека ќе победат.

Дека политиката си го прави своето и дека спорот за името со Грција се одразува и на спорот и на навивачките афинитети покажуваат и одговорите кои ги добивме од граѓаните.

„За Германија дефинитивно. Зошто? Па затоа што не го обожавам нашиот јужен сосед, но не дека сум принуден да навивам за Германија, но подобра селекција се и мислам дека ќе победат.“
Натпреварот Русија - Грција.

Натпреварот Русија - Грција.


„За Германија, зошто се појаки и подобро, од спортски аспект се подобри, мислам дека политика не треба да се меша со спортот.“
Ние сме на трета страна, ние сме на некој начин во таа неутралност, но заради проблемите кои ги имаме со Грција велиме дека тие треба да бидат дотолчени и на тој план.

„Заради актуелните проблеми со јужниот сосед, ќе навивам за Германија, нема зошто да навивам за јужниот сосед. Многу ќе ми биде ќеиф Германците да победат и тоа со четири или пет наспрема нула.“

Социологот Илија Ацески вели дека логично е повеќето од граѓаните да посакуваат нашиот јужен сосед да загуби поради несогласувањата кои ги имаме на политички план.

„Да го победите на тој начин условно речено непријателот на спортски план. Ние сме на трета страна, ние сме на некој начин во таа неутралност, но заради проблемите кои ги имаме со Грција велиме дека тие треба да бидат дотолчени и на тој план. Тоа е таа психолошка матрица би рекол која нас не свртува против едни или против други, затоа тоа е опијат. Ние го посакуваме поразот на Грција, и велиме Германците мора да ги победат и да им покажат дека не се вредни.“

За разлика од негативното расположение кон репрезентацијата на Грција, граѓаните велат дека доколку би играл некој од нашите други соседи секако дека би навивале да победи нивниот тим.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG