Достапни линкови

logo-print

Отежната работата на хуманитарните организации во Сирија


Обединетите нации соопштија дека бројот на лица на кои им е потребна хуманитарна помош во Сирија се искачил на 1,5 милиони. Според Канцеларијата за координација на химанитарни работи, хуманитарните организации се соочуваат со значајни пречки во помагањето на цивилите во Сирија, кои имаат потреба од заштита поради конфликтот во земјата. Помош им е потребна на 350,000 лица во провинцијата Иблиб како и на 250,000 жители на градот Хомс, кој се претвори во жариште на 15 месечниот конфликт. До сега се регистрирани повеќе од 96,000 сиријски бегалци.
XS
SM
MD
LG