Достапни линкови

Осуммина загинати во Ирак


Најмалку осуммина загинале во експлозии на бомби поставени покрај пат во близина на пазар во Багдад. Болнички и полициски извори потврдија дека најмалку 50 лица се повредени во експлозиите во северниот дел на главниот град на Ирак, каде живее мнозинство шиитско население. Станува збор за последен од серија бомбашки напади овој месец, на кои главна мета е шиитското население.
XS
SM
MD
LG