Достапни линкови

logo-print

Заврши нападот на талибанците во еден хотел во Кабул


Авганистанската полиција соопшти дека нападот на талибанците врз еден хотел на периферијата на Кабул завршил скоро 12 часа од моментот кога започнал. Полицијата соопшти дека притоа биле убиени најмалку 8 луѓе. Милитанти вооружени со автоматско оружје и ракетни гранати влегле во хотелот крај езерото Карга при што задржале и заложници, од кој поголемиот дел биле ослободени по престрелката со полицијата. Талибанците соопштија дека нападот го извеле, бидејќи богатите авганистанци и странски државјани таму организирале луди забави.
XS
SM
MD
LG