Достапни линкови

logo-print

Ако ЕУ би била како ЕУРО 2012


За фудбалерите, ЕУРО 2012 повеќе е како трговски собир отколку римејк на минатите војни.

Впечатлива слика од ЕУРО 2012, победничките германски и поразените холандски фудбалери се гушкаат по натпреварот во Харков, наведува весникот Фајненшал тајмс потсетувајќи дека пред мечот, менаџерот на Арсенал Арсен Венгер изјави:
За разлика од економијата, во фудбалот, јужна Европа успешно се справува со порано доминантниот север. Шпанците владеат во светски и европски рамки. Малите Грци ја елиминираа Русија. Брзото дисциплинарно и прецизно подавање на топката се прошири низ ЕУ. Дури и Грција и Англија ги напуштија нивните неефикасни стилови.

„Постои омраза меѓу овие земји. Тоа е уште од Втората светска војна, а трае и денес.“

Па, малкумина во Харков забележаа некаква холандско-германска омраза, ниту кај фудбалерите, ниту кај навивачите. Всушност најголемото непријателство беше меѓу самите холандски играчи.

Овие прегратки се одраз на Европското првенство кое главно е одбележано со хармонија и едноставност, барем меѓу западноевропејците. Обединета, успешна ЕУ постои, не во економијата, туку во фудбалот.

Извештаите за расистички инциденти на ЕУРО 2012 само креираат погрешна импресија. Четвртфиналните натпревари се меѓу шест земји во еврозоната, плус Англија и Чешка.
Западноевропските фудбалери сега и припаѓаат на хомогенизираната меѓународна професионална каста, нешто како банкарски инвеститори.

За разлика од економијата, во фудбалот, јужна Европа успешно се справува со порано доминантниот север. Шпанците владеат во светски и европски рамки. Малите Грци ја елиминираа Русија. Брзото дисциплинарно и прецизно подавање на топката се прошири низ ЕУ. Дури и Грција и Англија ги напуштија нивните неефикасни стилови.

Западноевропските фудбалери сега и припаѓаат на хомогенизираната меѓународна професионална каста, нешто како банкарски инвеститори. За време на мечот меѓу Англија и Франција, Французинот Самир Насри му даде гол на Џо Харт. По натпреварот, двајцата соиграчи во Манчестер Сити се прегрнаа.

За фудбалерите, ЕУРО 2012 повеќе е како трговски собир отколку римејк на минатите војни. Надвор од зелениот терен, медиумите се фокусираа врз расизмот, врз казната од 80 илјади евра што УЕФА и ја изрече на Хрватска поради расистички повици, врз неонацистичкиот транспарент на натпреварот во кој играше Германија.

Овие настани сепак не значат и влошување на состојбата со европскиот расизам. Тие повеќе покажуваат на процесот кој трае, а тоа е наметнување на европските вредности во другите делови на континентот.

Британија и Германија се борат против расизмот во јавниот живот. Во таква клима и бананата што хрватските навивачи му ја фрлиле на италијанскиот играч Балотели станува меѓународна вест, наведува Фајненшнал тајмс, додавајќи дека значајно е што имаше малку напнатности меѓу навивачите.

Се очекува дури мечот меѓу Германија и Грција да мине мирно, без оглед на економските несогласувања меѓу двете земји. Нациите се борат една против друга, но етничко насилство беше забележано само еднаш, меѓу полјаците и русите. Или, како што изјави полскиот премиер:

„Ова не беа улични битки меѓу Полска и Русија. Тоа беа неколку стотици будали кои се обидуваат да го свртат вниманието.“

Сепак хармонијата што го карактеризира западноевропскиот фудбал не се шири по целиот Континент, заклучува Фајненшнал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG