Достапни линкови

logo-print

Половина од министрите во Франција се жени


Премиерот на Франција Жан-Марк Еро

Премиерот на Франција Жан-Марк Еро

Прв пат во историјата на модерна Франција половина од членовите на владата се жени, откако премиерот Жан-Марк Еро вчера наименува две жени за министерки. Меѓу 38-те членови на владата има 19 жени, што е во согласност со изборното ветување на францускиот претседател Франсоа Оланд за еднаквоста на мажите и жените во власта.
Еро извршил мали промени во составот на кабинетот, но на клучните функции остануваат истите луѓе од преодната влада, формирана по претседателските избори во мај. Од жените на највисока функција се наоѓа Кристин Тобира, која е наименувана за министерка за правда.
XS
SM
MD
LG