Достапни линкови

Талибанци зазеле хотел во близина на Кабул


Талибански милитанти нападнале и зазеле хотел во туристички езерски комплекс во близина на Кабул, соопшти авганистанската полиција. Според првите информации, милитантите се наоѓаат внатре во хотелот и се тешко вооружени. Полицијата соопшти дека убила двајца од вкупно четворицата напаѓачи и оти ослободила 24 луѓе кои се наоѓале во хотелот.
Талибанците ја презеле одговорноста за нападот, велејќи дека богатите Авганистанци и странци го користеле хотелот за „луди забави“.
XS
SM
MD
LG