Достапни линкови

Мајами Хит нов шампион на НБА


Кошаркарите на Мајами Хит се новите шампиони на НБА лигата, откако во петтиот натпревар од финалето ја совладаа екипата на Оклахома Тандер со 121:106, со што резултатот во победи е 4:1.
Најдобар играч на натпреварот беше ЛеБрон Џејмс, кој е прогласен и за МВП на финалните дуели. Тој постигна „трипл-дабл“ со 26 поени, 11 скокови и 13 асистенции. Ова е најсреќниот ден во мојот живот, изјави Џејмс за време на церемонијата на прогласување на шампионот.
XS
SM
MD
LG