Достапни линкови

logo-print

Времето и натаму многу топло, мало освежување в недела


Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе настапи умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 35 до 39 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 37, а во Охридско-преспанскиот регион со максимални 32 степена.

За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во недела кога температурата ќе опадне за неколку степени.
XS
SM
MD
LG