Достапни линкови

Канал 5 се извини за предизвикување вознемиреност


Советот за Радиодифузија изрече тридневна забрана за емитување на реклами на Канал 5 телевизија поради вознемирувачката промоција на нова турска серија, јавуваат македонските медиуми повикувајки се на извори од СРД. Медиумот се извини за создавање на вознемиреност и паника со најавата од презентерката на вестите дека паднал авион, која одеше по централните вести. Според телевизијата, серијата била промовирана на ист начин и во Турција. Македонските медиуми јавуваат дека по промотивниот потег на Канал 5, стотици граѓани се јавувале на скопскиот аеродром да се информираат кој авион е паднат при полетување.
XS
SM
MD
LG