Достапни линкови

Завршни зборови на судењето на Бреивик


Обвинителите во Осло ги даваат завршните зборови во случајот против самопризнатиот масовен убиец Андерс Беринг Бреивик. По речиси десет неделно сослушување на сведочења, обвинителите пред судот рекоа дека „22 Јули 2011-та е ден на национална траума“ за Норвешка. Бреивик, кој себе си се опиша како анти-муслимански милитант, ги призна убиствата на 77 лица, со цел казнување на норвешката влада за нејзината подршка на мултикултурализмот. Доколку е прогласен за луд, 33 годишниот Бреивик ќе биде испратен во ментална институција. Доколку е прогласен за ментално здрав, обвинетиот се соочува со доживотна казна затвор.
XS
SM
MD
LG