Достапни линкови

Селаните од Велешта на протести поради исклучена струја


Селаните од Велешта протестираат зашто ЕВН има ја исклучи струјата.

Селаните од Велешта протестираат зашто ЕВН има ја исклучи струјата.

Во струшкото село Велешта повеќе од 40 часа нема струја. Стотина жители протестираа пред зградата на ЕВН барајќи да бидат вклучени во системот со напојување со струја.

Струшко Велешта повеќе од 40 часа е без струја. Ако претходно струја немаше само во еден дел од селото, сега без струја е цело Велешта. Неколку стотици жители пред зградата на ЕВН во Струга го изразија својот револт и побараа од компанијата под итно да ги вклучи во системот за напојување со електрична енергија. Се заканија и со порадикални мерки доколку не се одговори на нивните барања. Иако протестите минаа речиси мирно, насобраната толпа се обиде да влезе во седиштето на ЕВН во Струга, а при тоа беа искршени стаклата од влезната врата, и неколку апарати.
Таму има продавници кои имаат над 10.000 евра штета. Тоа е се расипано, кој ќе ни го плати тоа. Веројатно е намерно, бидејќи луѓето не дозволуваат да ја стават струјата под земја.

Велештани велат дека причина не се неплатени сметки за струја, туку проект на ЕВН за поставување подземен кабел за кој тие тврдат дека воопшто не биле известени. Претседателот на месната заедница Абдулкадар Шеи вели дека на температури од 40 степени е недозволиво да нема струја.
Селаните од Велешта протестираат зашто ЕВН има ја исклучи струјата.

Селаните од Велешта протестираат зашто ЕВН има ја исклучи струјата.


„Таму има продавници кои имаат над 10.000 евра штета. Тоа е се расипано, кој ќе ни го плати тоа. Веројатно е намерно, бидејќи луѓето не дозволуваат да ја стават струјата под земја“, вели Шеи.

Велештани тврдат дека има и такви кои не плаќаат струја, но велат дека ако е тоа причината не може ЕВН без струја да остави 7.000 луѓе на сметка на мал број неплаќачи.
Бевме кај директорот на ЕВН. Тие ни рекоа дека имаат проект за вадење на саатите надвор на патот. Директорот од ЕВН ни покажа документ дека градоначалникот дал согласност дека можат да прават. Рековме да правиме референдум да ги прашаме селаните дали се за или не. Тие ни рекоа дека исто било и во некое село во Скопје и една недела немале струја.

„Бевме кај директорот на ЕВН. Тие ни рекоа дека имаат проект за вадење на саатите надвор на патот. Директорот од ЕВН ни покажа документ дека градоначалникот дал согласност дека можат да прават. Рековме да правиме референдум да ги прашаме селаните дали се за или не. Тие ни рекоа дека исто било и во некое село во Скопје и една недела немале струја“, вели еден жител.

„Никој од нас нема видено некој мајстор. Станува збор за друга работа. Ако има некој заостанат долг, не сакаме 5.000 луѓе да бидат криви на сметка на 50 или 100 души“.

„Сите куќи, сите продавници што имаат роба тоа се да се фрли“, вели друг жител.

„Ова што се прави е катастрофа, ова го нема никаде. Сите се лопови вели друг жител.“

Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски рече дека станува збор за дефект и оти месното население давало отпор при неговото санирање. ЕВН сака да постави нова трафостаница во вредност од 80.000 евра, но и да изврши дислокација на постојните броила со што ќе дојде до подобрување на мрежата. Со поставување на новата мрежа ќе се воведе ред и сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Но во тоа сме попречени од месното население. Единствен начин за надминување на проблемот долгорочно е поставување на нова мрежа, вели Ковачевски.

Кражбите на електрична енергија во Велешта достигнуваат до 60 проценти, а со отпорот за реализирање на инвестицискиот проект, мештаните само покажуваат дека не сакаат да се стави ред во мрежата, додаваат од ЕВН. Жителите најавуваат ако струја не добијат протестите продолжуваат и наредните денови во форма на селски бунт.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG