Достапни линкови

ЕУ реши да го ублажи визниот режим за Турција


Европската унија денеска се согласи да го ублажи визниот режим за турските државјани, но Анкара претходно ќе мора да исполни неколку услови.
Европските министри за труд и социјални прашања би требало да ја усвојат одлуката на амбасадорите, кои за време на преговорите во Луксембург се договорија за ублажување на визниот режим.
Еден од учесниците во состанокот изјави дека станува збор за процес, кој е „мошне долг и кој ќе трае со години“.
Акциониот план ќе им биде доставен на властите во Анкара и ќе вклучува неколку барања на Брисел. Тие ќе се однесуваат на соработувањето на турските власти со сите држави во ЕУ, вклучувајќи го и Кипар, подобро надгледување на границите со Унијата и преиспитување на визниот режим кој Турција го има со земјите, кои не се членки на ЕУ.
XS
SM
MD
LG