Достапни линкови

Пад на акциите во Европа по намалените прогнози во САД


Берзата во Франкфурт

Берзата во Франкфурт

Акциите на европските берзи забележаа пад по објавата на податоците на Американската Централна Банка за слабите изгледи за раст на економијата на САД и по објавата за натамошно забавување на кинеската економија. ФЕД го намали очекувањето за раст на економијата на САД од 2,9 на 2,4 проценти.
Федералните резреви сега предвидуваат и дека невработеноста во Америка ќе биде до 8,2 што е за 0,2 проценти повеке од проекциите во Април.
Според Британската банка НСБЦ, пак, во Кина, која е втора светска економија, во јуни е забелеажно најниско ниво на активност во производството како резултат на намалениот извоз и домашна побарувачка во изминативе 7 месеци.
XS
SM
MD
LG