Достапни линкови

Поранешниот романски премиер Настасе се обидел да се самоубие


Поранешниот романски премиер Адријан Настасе.

Поранешниот романски премиер Адријан Настасе.

Поранешниот романски премиер Адријан Настасе се обидел да се самоубие откако Врховниот суд му ја потврди двегодишната казна затвор за мито. Дописникот на Радио Слободна Европа од Романија, вели дека Настасе е во болница, но е во стабилна состојба. Романските медиуми подоцна јавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека Настасе се застрелал со револвер во присуство на полицијата и притоа си го повредил грлото.
Настасе беше премиер од 2000 до 2004 година. Обвинителството вели дека исчезнале 2 милиони долари од државниот буџет во 2004-та, односно парите завршиле за предизборната кампања на Настасе. Тој во 2004-та ги загуби изборите од сегашниот претседател, Трајан Басеску. На пресудата за Настасе се гледа како на важен чекор во борбата против корупцијата во Романија.
XS
SM
MD
LG