Достапни линкови

logo-print

Египет- нема резултати од гласањето за претседател


Претседателски избори во Египет.

Претседателски избори во Египет.

Египетската државна изборна комисија соопшти дека може да го одложи соопштувањето на резултатите од вториот круг на претседателските избори, што требаше да ги соопшти денеска, поради жалбите од двајцата кандидати кои тврдат дека победиле. Генералниот секретар на изборната комисија Хатем Багато испрати официјално соопштение во кое се вели дека комисијата одлучила да продолжи да ги разгледува жалбите. Секое одложување на резултатите ја зголемува опасноста од разгорување на тензиите. Се уште е нејасно каква улога ќе одигра армијата во водењето на државата.
Египќаните викендов гласаа за наследник на соборениот претседател Хосни Мубарак. Во вториот круг се соочија кандидатот на Муслиманското братство Мохамед Морси и последниот премиер за време на владеењето на Мубарак, Ахмед Шафик.
XS
SM
MD
LG