Достапни линкови

САД бараат подобри трговски односи со Русија


Лого на Светската трговска организација.

Лого на Светската трговска организација.

Официјални претставници од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ја повикаа конгресната комисија да го одобри нацрт-законот за подобрување на трговските односи со Русија, без тоа да се врзува со загриженоста за човековите права. Американскиот претставник за трговија Рон Кирк изјави дека укинувањето на амандманот на Џекосон Веник од 1974 година, со кој се казнуваше Русија во врска со емиграцијата на Евреите, ќе придонесе американските компании да имаат корист од влезот на Русија во Светската трговска организација во август. Сепак, дел од пратениците сакаат законот да предвиди казни за руските функционери поврзани со смртта на адвокатот Сергеј Магнитски кој почина во притвор.
Заменик државниот секретар Вилијам Барнс пред комисијата изјави дека, иако Белата куќа е „сериозно загрижена за демократијата и човековите права во Русија“, „трговските врски треба да останат настрана од другите прашања“
XS
SM
MD
LG