Достапни линкови

Израел бара поцврсти санкции кон Иран


Вицепремиерот на Израел Шаул Мофаз.

Вицепремиерот на Израел Шаул Мофаз.

Израел бара Западот да воведе поцврсти санкции врз Иран, откако разговорите меѓу Иран и Западот, за спречување на нуклеарната програма на Техеран не дадоа резултати, соопшти вицепремиерот на Израел Шаул Мофаз по разговорите во Вашингтон со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Тој изјави дека постои потреба да се подготват и други опции за Иран, навестувајќи можна воена акција. Шесте светски сили и Иран не успеаа да ги придвижат разговорите. Во Москва оваа недела се одржа третото коло од најновата дипломатска иницијатива без да се одреди датум за нови политички преговори. Шефот на ОН Бан Ки Мун изрази жалење поради неуспехот на разговорите и ги повика светските сили да ги „интензивираат“ напорите за да се избегне конфронтација.
XS
SM
MD
LG