Достапни линкови

Најмалку 20 загинати во бомбашки напад во Авганистан


Најмалку 20 лица загинале во нападот врз конвој на НАТО во авганистанската провинција Кост. Меѓу жртвите се цивили и припадници на безбедносните сили. Повеќе од 30 лица се повредени. Американската амбасада во Кабул соопшти дека во инцидентот загинале тројца војници на Алијансата и преведувач. За сега не е јасно дали напаѓачот бил на мотор или во автомобил кога ја активирал експлозивната направа.
XS
SM
MD
LG