Достапни линкови

Меркел во Полска ќе го следи натпреварот меѓу Германија и Грција


Германската канцеларка Ангела Меркел ќе отпатува за Полска каде ќе го следи четвртфиналниот меч меѓу Германија и Грција, најавија од германската влада. Натпреварот е закажан во петок во полскиот град Гданск. Многумина сметаат дека мечот има политички аспект, посебно ако се има предвид дека дел од Грците сметаат дека Меркел е главниот покровител на строгите мерки за штедење, кои се предуслов за пакетите финансиска помош за задолжената Грција.
XS
SM
MD
LG