Достапни линкови

Сиромашната сегашност во сенка на „богатото“ минато


Партиите ја засилија реториката за меѓусебни обвинувања кој што направил или не направил. Враќањето во минатото е бегство од сегашните проблеми, велат дел од аналитичарите.

Партиски препукувања за тоа кој колку километри автопат изградил, па препукувања за споменици, кој повеќе направил за намалување на зависноста од увоз на електрична енергија, кој колку направил за подобрување на состојбата во болниците, за тоа кој колку пари трошел и на што ги трошел, кој колку им помогна на граѓаните. Па ако преку партиските прес-конференции граѓаните не сфатат што некој направил или не направил во минатите 10 денови, месеци или години, тука се и спотовите по телевизиите за да ги потсетат.

Со обвинувања кој што направил, кој што не направил, со самокитење дека сето ова е наше, ние сме го направиле, во онаа синтагма на минатото ги ослободува од актуелноста да не се занимаваат со актуелното живеење, туку со некое минато и со некое идно што ви се случило по изборите.
Алјадин Демири, универзитетски професор.
Професор Алјадин Демири вели дека препукувањата се својствени за партии кои се гушат во немоќ и кога се спремаат за избори.

„Со обвинувања кој што направил, кој што не направил, со самокитење дека сето ова е наше, ние сме го направиле, во онаа синтагма на минатото ги ослободува од актуелноста да не се занимаваат со актуелното живеење, туку со некое минато и со некое идно што ви се случило по изборите.“
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

Граѓаните, пак, велат дека е редно и политичарите малку да мислат на граѓаните.

„Со стап ќе ги бркам кој и да дојде од политичарите, јас сум разочарана од нашите, јас отворено си кажувам дека дваесет години сум вмровка и трчавме, гласавме, а сега еден балкон не можам да легализирам.“

„Ај да видиме зошто сега ќе бидат овие избори? Бранко што направил за 20 години, пак ќе јаде, пак? Да им дадат и на луѓето малку да јадат.“
Со стап ќе ги бркам кој и да дојде од политичарите.
Анкетиран граѓанин.

„Луѓето само кукаат, споменици, споменици, да ги поделеа парите, а јас викам, сè изедовме, испивмe, барем спомениците ќе останат.“

„Се е од убаво, поубаво. Ова плачењето е се вештачко.“

Професор Демири додава дека партиите се решаваат меѓусебно да се обвинуваат за неуспесите или да се фалат за сработеното, а со тоа ги понижуваат граѓаните и ги изневеруваат нивните очекувања.

„Скопје 2014 веќе ќе почне да не чини по џебовите и затоа не сакаат да зборуваат. Од НАТО сме многу далеку и тоа ќе не чини и нè чини и за тоа не сакаат да зборуваат, инвестиции недостигаат, нема работни места, животот е поскап и за тоа не сакаат да зборуваат.“

Партиите последните три недели ја засилија реториката и прашањата кој е крив за состојбата во државата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG