Достапни линкови

logo-print

Кога нема работни места, удри по невработените


Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Владата предлага закон со кој на невработените подолго од две години може да им се понуди каква било работа, без разлика на образованието.

Владата носи закон со кој ќе ги малтретира, понижува и полесно ќе ги брише невработените од евиденцијата, реагира опозицијата. Според предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, законот има цел да обезбеди поквалитетни услуги на невработените кои активно бараат работа.
Која е целта на владата? Да се спаси од приливот на 100 илјади невработени лица кои се очекуваа до крајот на минатата година, а тоа се сите оние луѓе коишто беа инволвирани претходните пет години во тн. проекти и мерки за вработување. Измина казнениот рок од пет години во кој тие не смееја да се пријават како невработени, а исто така измина и оној период од 5 години на студии. Младите денес дипломираа, магистрираа и веќе почнуваат да се враќаат на евиденцијата на невработени.

Според предлогот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, што е во собраниска процедура, на луѓето што бараат работа подолго од една година, Агенцијата за вработување може да им понуди работа за која се бара образование за еден степен пониско од тоа што го имаат. На оние кои се невработени подолго од две години може да им се понуди каква било работа. Понуденото работното место може да е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење до местото на работа и назад. Ако невработените одбијат ваква работа, ќе се бришат од евиденцијата и нема да може да се пријават како невработени една година.

Законот предвидува и казни од 200 евра за луѓето што се пријавуваат како невработени, а работат „на црно“.

Поранешната директорка на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска од ВМРО-НП вели дека предложените измени се неуставни.
Малку е нечесно и нечовечки да ги казнуваме луѓето коишто на каков било можен начин се обидуваат да егзистираат, односно да му обезбедат еден оброк на своето семејство.

„Која е целта на владата? Да се спаси од приливот на 100 илјади невработени лица кои се очекуваа до крајот на минатата година, а тоа се сите оние луѓе коишто беа инволвирани претходните пет години во тн. проекти и мерки за вработување. Измина казнениот рок од пет години во кој тие не смееја да се пријават како невработени, а исто така измина и оној период од 5 години на студии. Младите денес дипломираа, магистрираа и веќе почнуваат да се враќаат на евиденцијата на невработени.“

Јовановска вели дека е сурова одредбата со која се предвидуваат казни за работниците што работат на црно.

„Малку е нечесно и нечовечки да ги казнуваме луѓето коишто на каков било можен начин се обидуваат да егзистираат, односно да му обезбедат еден оброк на своето семејство.“

Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски, одговарајќи на критиките на опозицијата, вчера рече дека Македонија има највисок степен на толеранција кон невработените и дека во секоја земја има бришење од евиденцијата. Во Македонија тоа е со понизок процент во споредба со другите земји, рече тој.

Државниот завод за статистика објави дека невработеноста во првиот квартал од годинава се зголемила за 0,4 отсто во однос на истиот период минатата година и достигна 31,6 отсто.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG