Достапни линкови

Ештон: Суспендирани преговорите со Иран


Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон изјави дека преговорите на високо ниво меѓу Иран и шестте светските сили за иранската нуклеарна програма се суспендирани поради „значителни разлики меѓу двете преговарачки позиции.“ Таа додаде дека на состанокот кој што ќе се оддржи следниот месец во Истамбул, експертите од двете страни ќе имаат доволно заедничка основа за да отворат можноста за продолжување на преговорите. Дводневните разговори во Москва меѓу Иран од едната страна и САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија не донесоа промени во решавањето на проблемот со нуклеарната програма на Техеран за која Западот стравува дека е намената за производство на нуклеарно оружје. Иранскиот преговарач Саед Џалили изјави дека последнава рунда преговори билa „посериозна и пореалистична“ во однос на претходно но инсистира неговата земја да го задржи правото за збогатување ураниум.Тој ја нарече нелегална резолуцијата на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG