Достапни линкови

Асанж во политички азил


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж вчера побарал политички азил во еквадорската амбасадата во Лондон и во тек е разгледување на барањето, изјави еквадорскиот министер за надворешни работи Рикарди Патио. Барањето за политички азил доаѓа по одлуката на врховниот суд во Велика Британија да го одбие барањето на Асанж за неекстрадирање во Шведска. Асанж во Шведска е обвинет за сексуален напад и силување, а честопати досега изјавил дека причините за отварањето на таков случај е притисокот од САД врз Шведска поради објавувањето на документи од америскански дипломатски документи.На твитер профилот на Викиликс е објавено дека Асанж од вчера е под заштита на еквадорската амбасада во Лондон.
XS
SM
MD
LG